
ЛИВЕРПУЛ формално вложи жалба до судиската организација (PGMOL) поради поништениот погодок на Вирџил ван Дајк за време на поразот од Манчестер Сити со 3:0. Тимот од Енфилд изрази “длабоко загрижување” откако голот на Ван Дајк беше поништен бидејќи Енди Робертсон се најде во офсајд, кој се повлече од топката што Холанѓанецот ја упати со глава кон голот на Џанлуиџи Донарума.
Во момент кога Манчестер Сити водеше со 1:0, Ван Дајк во 38. минута мислеше дека изедначил за својот тим, но судијата Крис Каван го поништи погодокот, а одлуката беше потврдена и од ВАР судијата Мајкл Оливер.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
После натпреварот, Премиер лигата го објасни контроверзниот момент: “Судиската одлука за офсајд и поништување на голот беше потврдена од VAR – Робертсон се најде во офсајд и беше проценето дека направил очигледно движење пред голманот.”
Објаснување од шефот на судиите, Хауард Веб
“Станува збор за субјективна одлука на судијата. Не е изненадувачки што некои веруваат дека голот требаше да биде признат. Важно е да се разгледаат фактите. Играчите на Манчестер Сити го оставија Робертсон во офсајд.
Топката се движеше кон него и тој се наведна за да ја избегне. Судиите заклучија дека тој го попречуваше голманот и дека имаше офсајд”, рече Веб во емисијата Match Officials Mic’d Up.