Дома Фудбал Снимка која може да биде проблем за Влаховиќ: Среде ноќ влегува во хотелска соба со пет девојки 🎥

Снимка која може да биде проблем за Влаховиќ: Среде ноќ влегува во хотелска соба со пет девојки 🎥

Во јавноста се појави снимка која би можела да му направи проблем на Душан Влаховиќ, кој и без тоа во последно време е под сериозна критика.

Влаховиќ досега во сезоната успеа да постигне 12 гола за Јувентус, тој е прв стрелец на тимот, но тоа не е доволно за да избегне критики.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Старата дама бележи премногу ремија, има проблеми со реализацијата и Влаховиќ не успева да ги покаже очекуваните изведби.

Сето ова води до сериозни критики, а често се спомнува и негов заминување од Торино. Некако, Арсенал постојано е во игра и сега повторно се споменува.

Сега излезе на виделина снимка која открива дел од ноќниот живот на Влаховиќ во Италија и е од мај 2023 година. Нешто што на Србинот не му е потребно во овој момент.

На снимката се гледа Влаховиќ како бара хотелска соба заедно со пет девојки и уште еден пријател.

Прво влегува една девојка, потоа Влаховиќ со уште три, и во снимката се појавува уште еден маж со девојка и се гледа дека нешто разговара со напаѓачот.

На крајот се појави и хотелскиот службеник кој го спроведе Влаховиќ и друштвото до нивната соба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…