Дома Фудбал Снајдер е убеден: Овие четири репрезентации се фаворити за Светското првенство

Снајдер е убеден: Овие четири репрезентации се фаворити за Светското првенство

Поранешниот холандски фудбалер, Весли Снајдер (41), во разговор за шпанскиот весник Марка ги именуваше Португалија, Шпанија, Франција и Бразил како главни фаворити за Светското првенство во 2026 година. „Ако треба да изберам четири репрезентации за полуфинале, тоа би биле Португалија, Шпанија, Франција и Бразил. Конкуренцијата е сериозна. Сите се блиску, ќе биде лудо. Англија, исто така, има извонредна екипа, како и Холандија. Можеби и Германија ќе си ја врати старата слава, кој знае?“, изјави Снајдер.

Снајдер играше за Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај, Ница и Ал-Гарафа низ неговата кариера. Усреќи ги своите клубови со 19 трофеи, меѓу кои е и Лигата на шампионите со Интер.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


„Улогата на број 10 е минато. Јас бев вистински број 10, како во поранешните времиња. Сега е минато. Денеска се важни средните играчи со добра физичка присутност. Јас бев среден играч и мојата работа беше да им помагам на напаѓачите, а не да го покривам целиот терен, така што за мене офанзивно средниот играч повеќе не постои. Мислам дека нема тим во Европа што игра со вистински офанзивен среден играч“, изјави Снајдер.

Со холандската репрезентација, Снајдер запиша 134 настапи и постигна 31 гол, а освои и светско сребро во 2010 година во Јужна Африка и бронза четири години подоцна во Бразил. „Да се игра финале на Светското првенство против Шпанија беше неверојатно. Тоа беше многу изедначен натпревар. Можевме да победиме, но за жал, тие се радуваа“, изјави Снајдер.

Да потсетиме, Шпанија ја порази Холандија со 1:0 со голот на Андрес Иниеста во 116-та минута. „Да ја искористеше Робен големата шанса што ја имаше, ќе завршеше 1:0 за нас. За такви натпревари е потребна и малку среќа“, додаде Снајдер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма пред камерите: Водителка се сруши во пренос во живо (Видео)

Лора Вудс изгуби свест за време на директниот пренос, но среќно е што сега е добро. Познат…