Дома Фудбал Случајот „Салах“ е затворен, но што значи ова видео?

Случајот „Салах“ е затворен, но што значи ова видео?

Од ништо не може да се заклучи дека Мохамед Салах во саботата го одигра својот последен натпревар во дресот на Ливерпул.

Египќанецот влезе во игра на средината од првото полувреме наместо повредениот Џо Гомез, запиша асистенција кај вториот гол на Уго Екитике, а лесно можеше и да постигне гол или да асистира уште неколкупати.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


По натпреварот Салах остана подолго на теренот за да им се заблагодари на навивачите, некои тоа го протолкуваа како „проштален“, но Арне Слот не се согласува со тоа.

Тој по натпреварот подвлече дека нема ништо што треба да се „решава“ и дека не постои случајот „Салах“.

„Апсолутно нема ништо за решавање. Тој не беше единствениот што одеше по теренот и им се заблагодаруваше на навивачите. Мо оди на Афричкиот куп на нации и се надеваме дека ќе игра добро. Ние сега мора да играме без него и тоа е сè“, рече Арне Слот.

На прашањето дали очекува Салах повторно да се врати во Ливерпул по турнирот, одговори веднаш „да“.

Ибрахима Конате исто така верува дека ова не беше прошталниот натпревар на Салах.

„Лично не мислам дека Салах го одигра својот последен натпревар за Ливерпул. Можевте да видите колку го сака овој клуб. Тој е човек кого го сакаат апсолутно сите, и тренерот, а и тој го сака и клубот и тренерот“, рече Конате.

Погледнете го видеото кое Салах го сподели на социјалните мрежи, па проценете дали има простор за индиректна порака дека можеби ова беше неговиот проштален натпревар…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брахим Дијаз се враќа во Милан

Брахим Дијаз се врати во Реал Мадрид и одигра солидни две сезони, но во последно време доб…