Менаџерот на Ливерпул Арне Слот ја прокоментира загрижувачката изјава на Мохамед Салах.
Египќанецот, очигледно разочаран бидејќи клубот не му понудил продолжување на соработката, најави заминување од Енфилд.
Тој пред дербито со Манчестер сити, кое го реши со асистенција и гол, изјави дека тоа можеби му е последен дуел со “Граѓаните“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
“Можеби Мо знае повеќе за тие 115 обвиненија (Случајот на Сити за кршење на финансискиот фер-плеј, прим.авт.), па очекува да не бидат тука следната сезона. Тоа беше шега. Повторувам, шега”, изјави Слот.
🚨 Arne Slot on Mo Salah saying that Sunday could have been his last Anfield game vs Man City.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 3, 2024
“Maybe Mo knows more about the 115 charges, so expects them not to be there next season… it was a joke!”.
“I repeat, a joke”.
🎥 @BeanymanSportspic.twitter.com/KHv8tujZwb
Салах е клучен играч на Ливерпул оваа сезона, постигна 13 голови и 11 асистенции на 20 натпревари.
Најмногу благодарение на него, „црвените“ се лидери на Премиер лигата со 34 поени, девет повеќе од Арсенал и Челси, но и во Лигата на шампионите со 15, два пред Интер.
Сепак, веќе се шпекулира дека започнал преговори со Пари Сен Жермен, во кој би заминал без обесштетување, бидејќи договорот му истекува на лето, а Ливерпул сè уште не му понудил нов.