Дома Фудбал Слот пред ПСЖ: Никој не одигра така против нас ова сезона

Слот пред ПСЖ: Никој не одигра така против нас ова сезона

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изрази признание за Пари Сен Жермен за одличната игра, но е уверен дека неговиот тим може да одигра подобро.

Во првата игра од осминафиналето на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен упати 27 удари кон голот на Ливерпул, додека Црвените имаа само два. На крајот, Ливерпул победи со 1:0.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


„Некои луѓе велат дека игравме лошо, јас не се согласувам. Мислам дека тие играа неверојатно добро, мислам дека оваа сезона не сме се сретнале со екипа која имаше и таков квалитет и таков интензитет. Сепак, мислам дека можеме да одиграме подобро. Не велам дека бевме лоши или дека не игравме воопшто добро, но сме подобар тим отколку што тоа го покажавме минатата недела. Тоа е нешто што мора да го докажеме утре, со помош на нашите навивачи”, истакнува Слот.

„Мислам дека, и по оваа игра, патот до финалето е долг. Веќе знаеме со кои тимови можеме да се сретнеме и знам дека… Океј, прво доаѓаат Астон Вила или Клуб Бриж, а по нив Арсенал или подобриот од мечот Атлетико – Реал. Сите тие се одлични тимови, но се согласувам со Луис Енрике дека и ние и Пари Сен Жермен сме тимови – како и уште тројца-четворица други – кои се доволно добри да стигнат до финалето. Сепак, бидејќи се само две игри, среќата и несреќата можат исто така да бидат одлучувачки. Тешко е да се каже, но и двете екипи се доволно добри да дојдат до финалето, тоа е точно.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Родриго за Модриќ: Ние сме како татко и син, секогаш сакав да играм со него

Бразилскиот фудбалер Родриго Силва де Гоес (24) изјави дека во Реал Мадрид секојдневно му …