
Изјавата на Енди Робертсон по пласманот на Шкотска на Светското првенство, конечно, ја откри една од проблемите со кои се соочува Ливерпул оваа сезона.
Никој јавно не праша или коментираше како се чувствуваат и справуваат играчите на Ливерпул по трагичната смрт на Диого Жота пред самиот почеток на подготовките за новата сезона. Енди Робертсон по пласманот на Шкотска на Мундијалот, веднаш по завршувањето на најважниот натпревар во дресот на репрезентацијата, говореше за тоа дека за време на натпреварот размислувал само за Диого Жота.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
А тоа се пренесе и на конференцијата на Арне Слот пред продолжувањето на сезоната и саботниот дуел на Ливерпул со Нотингем Форест.
„Често ни судите. Понекогаш е тоа фер, но често не е. Ја видов изјавата на Енди во живо и свесен сум колку е тоа тешко и важно прашање за сите нас. И тоа е сосема нормално. Во секој момент се прашувам како ли му е на неговата сопруга, деца и семејство.
Зашто знам дека ним им е многу, многу потешко отколку нам. Но, да. Бескрајно ни недостасува, како човек и како играч. А сега не чека натпревар со Нотингем. Ќе се сетите минатата година, губевме 1:0, а на Жота му беше потребна само минута да ни донесе изедначување. Секако дека ни недостасува на теренот. Но, многу ни недостасува како личност, како пријател“, рече искрено Слот.
„За нас е добро да го паметиме. Секогаш. Зашто беше одличен човек и одличен фудбалер. Не постои начин да се измери како неговата смрт влијаеше на играчите. Или на резултатите. Ако би зборувале за тоа, би се чувствувал како да барам изговори.
Она што знам е дека ни недостасува, но не можам да го измерам тоа недостасување во смисла на резултати. За мене тоа е невозможно, не би го ни обидел да го направам“.