
Ливерпул ја очекува натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите, а гостуваат во Истанбул кај екипата на Галатасарај.
Пред патувањето во Истанбул, тренерот на Редсите Арне Слот ги разочара навивачите на тимот од Енфилд.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Всушност, за составот на Лигата на шампионите накнадно беше вклучен Федерико Киеза, но Италијанецот доби нов удар.
Киеза не беше на авионот за Истанбул, иако е редовно пријавен за натпреварите од Лигата на шампионите.
Како што пренесуваат островските медиуми, не станува збор за повреда, туку едноставно одлука на тренерот Слот да не го води Италијанецот.
По ова, започна лавина од коментари од навивачите на Ливерпул.
Повеќето беа жестоки и насочени кон Слот, кој очигледно не симпатизира Киеза.
Инаку, Киеза максимално ги користеше секоја минута на теренот, најчесто кога влегуваше во игра од клупата за резервни фудбалери.
Тој стана миленик на навивачите на Ливерпул кои не можат да му го простат овој потег на Слот.
Навивачите на Ливерпул сметаат дека Киеза е токму играчот кој може да ја раздрма екипата од втор план, ако нешто не оди како треба на теренот.