Дома Фудбал Слот го завршува „најлудиот“ трансфер во историјата на Ливерпул

Слот го завршува „најлудиот“ трансфер во историјата на Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, е подготвен да искористи еден многу талентиран фудбалер од својот клуб како дел од договорот за ангажирање на фудбалер кој го посакува.

Моментално тимот на Ливерпул се наоѓа на првото место и во Премиер лигата, но и во Лигата на шампионите, а тоа е јасен знак дека играат феноменален фудбал оваа сезона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ливерпул сè уште има шанса оваа сезона да освои историски четири трофеи затоа што го поминаа натаму во ФА купот по победата од 4:0 против Акрингтон Стенли.

Од друга страна, во Карабао купот имаат заостанување од 1:0 против Тотенхем во полуфиналето од ова натпреварување, но реванш натпреварот ќе се одигра на нивниот „Енфилд“.

Сепак, откако Слот дојде во Ливерпул една работа не оди како што сите се надеваа, а тоа се трансферите. „Црвените“ всушност минатото лето доведоа само еден фудбалер, а тоа е Федерико Киеза.

Сето тоа Слот сака да го поправи веќе во јануари, но во позадина се надеваат дека ќе договорат нови договори со Мо Салах, Ван Дајк и Трент Александер-Арнолд.

Како што пренесува „Дејли Стар“, Слот сака во Ливерпул да ја доведе ѕвездата на Борнмут, а неговото име е Антоан Семењо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Барселона лути на Левандовски

Во Барселона се многу незадоволни од повредата на Роберт Левандовски, пишува весникот “Мар…