Дома Фудбал Слот го критикуваше, Аморим не му остана должен – брзо возврати!

Слот го критикуваше, Аморим не му остана должен – брзо возврати!

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изрази незадоволство од тактиката на колегата од Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, поради пристапот и стилот на игра на дербито што неодамна се одигра на Енфилд.

Да потсетиме, Јунајтед извојува победа против Ливерпул со резултат 2:1.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Холандскиот тренер го критикуваше пристапот на Аморим, нагласувајќи дека неговата екипа се бранеше длабоко, а напаѓаше преку контранапади и често испраќаше долги топки кон напред.

“Секогаш е тешко да се игра против екипа која се брани во низок блок и главно игра со долги топки. Уште потешко е кога ќе примиш гол по само една минута, додека еден од нашите играчи е на земја”, рече Слот и продолжи:

“Да ми кажеше некој пред натпреварот дека против ваков низок блок и толку многу долги топки ќе создадеме толку многу можности како што создадовме, не би очекувал пораз. Но, тоа се случи. Имавме доволно шанси да постигнеме повеќе од еден гол, но од друга страна повторно примивме два, а еден од нив дојде од прекин”.

Набрзо потоа, Аморим одговори. Португалецот истакна дека веќе свртел нова страница.

“Ливерпул е минато, несакам да коментирам натаму. Тоа не е важно”, кратко рече тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брера приреди изненадување: Во ефикасен натпревар го сруши лидерот!

Големо изненадување во Првата македонска фудбалска лига — Брера Струмица денеска го совлад…