Дома Фудбал Славниот Ивица Костелиќ доби работа во фудбалот

Славниот Ивица Костелиќ доби работа во фудбалот

Ивица Костелиќ, легендарниот хрватски скијач, освојувач на Големиот кристален глобус во 2011 година и четири сребрени медали на олимписките игри, презеде работа во фудбалот. Веста ја потврди НК Максимир, во кој еден од најдобрите хрватски спортисти на сите времиња ќе ја врши новата работна задача.

“Со гордост го претставуваме големото засилување во нашата школа за фудбал! Еден од најголемите хрватски спортисти во историјата стана соработник за кондиција во нашиот клуб како дел од стручниот штаб за нашата категорија деца родени во 2014 година. Ивица Костелиќ, добредојде во нашиот клуб и ти посакуваме многу успех и среќа во идната работа”, порачаа од клубот на нивниот Фејсбук профил.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


Освен освојувањето на Големиот кристален глобус, Костелиќ освои и два мали за најдобар слаломист во светот, а трипати бил вкупен победник во (супер)комбинацијата. Во кариерата стигна до 26 победи и 60 подиуми во Светскиот куп.

Беше светски првак во слалом на СП во Сент Мориц во 2003 година, сребрен во суперкомбинација на СП во Шладминг во 2013 година и бронзен во суперџи на СП во Гармиш-Партенкирхен во 2011 година. Освојувач е на четири сребрени медали од олимписките игри во 2006, 2010 и 2014 година. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: Ќе се радувам ако Сити испадне од ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека доколку Манчестер Сити не успее да влезе…