
Реал Мадрид има неуспешна сезона зад себе и летово ќе мора уште еднаш да се сврти кон трансфер пазарот, а кај ова „чудо од дете“ ќе мора да бидат брзи, бидејќи е многу баран.
Реал Мадрид оваа сезона остана без трофеи, нешто на што фудбалската јавност и самите навивачи на кралскиот клуб не се навикнати.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Барселона ги победи во Суперкупот на Шпанија, Купот на Кралот, а со победата во последното Ел Класико, каталонскиот клуб скоро и го обезбеди трофејот од Ла Лига.
Што се однесува до „најдрагиот“ натпревар на Реал Мадрид – Лигата на шампионите, Арсенал им застана на патот во четвртфиналето и ги елиминираше.
Без сомневање е дека Флорентино Перез и раководството на Реал Мадрид ќе мораат да се свртат кон трансфер пазарот летово за да го засилат играчкиот кадар.
Кралскиот клуб најмногу проблеми има во одбранбениот дел, а веќе е договорено доаѓањето на Трент Александар-Арнолд на позицијата десен бек.
Освен десниот бек, дефицитарна е и позицијата стопер. Оваа сезона многу често гледавме играчи надвор од позиција како играат стопер.
Од оваа причина, неизбежно е дека Реал Мадрид ќе мора да доведе некого на таа позиција, а најголема желба е Дин Хујсен од Борнмут.
И самиот Хујсен е заинтересиран за доаѓање во кралскиот клуб, но шкртоста на Флорентино Перез би можела да го чини Реал Мадрид.
Борнмут бара откупната клаузула која изнесува околу 50 милиони фунти да се плати одеднаш, но Перез не сака да ја плати, па поради тоа може да се вклучат во трката и Челси, Арсенал и Ливерпул.