Дома Фудбал Скапото засилување го напушта Реал Мадрид

Скапото засилување го напушта Реал Мадрид

Откако не заигра ниту против Хетафе синоќа во победата на Реал Мадрид на “Алфонсо Перез”, Ендрик запиша 154 дена без фудбалски натпревар.

Суперталентираниот бразилски напаѓач дојде во Реал како исклучителен талент и во некои разговори сакал да каже дека е роден во погрешно време, и дека неговиот идол е сер Боби Чарлтон. Изгледа дека терминот “погрешно време” се поврзува и со доаѓањето во Реал Мадрид. Зошто, за него таму нема место.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Последниот натпревар го одигра на 18 мај против Севиља, потоа претрпе две повреди, смена на Карло Анчелоти и доаѓање на Чаби Алонсо, кој му рече дека ќе биде тешко за него да игра редовно. И покрај тоа, Бразилецот реши да остане на “Бернабеу”.

Алонсо има многу опции во нападот, се наметна и Гонзало Гарсија, така што Ендрик веќе во јануари би можел да замине од клубот на заем. Како прв избор, “Екип” го истакнува Олимпик од Марсеј.

На Роберто де Зерби не би му пречело да има опција како Ендрик во нападот, самата атмосфера во градот и на “Велодромот” би можела да го оживее овој заспан младич и да му го врати самодовербата која го донесе во престолнината на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќерката на легендарниот фудбалер е вистинска „бомба: На 19 години веќе заработува богатство!

Ќерката на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти сè повеќе го привлекува вниманието…