
Португалскиот фудбалер Жоао Кансело беше мета на скандал во текот на одморот во областа Алгарве, откако замина таму по напорната сезона во саудискиот клуб Ал-Хилал.
Според Correio da Manhã, Кансело бил инволвиран во физички инцидент во познатата ноќна дискотека Блис во приморското место Виламура.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Очевидци тврдат дека инцидентот се случил кога Кансело се преселил од потивкиот дел на дискотеката во делот каде имало поголема гужва, каде настанала вербална расправија која преминала во физички конфликт.
Наводно удрил човек во лицето, при што повредениот почнал да крвари од устата, поради што била повикана брзата помош.
Полицијата интервенирала на местото на настанот и отпочнала истрага, но досега нема подигнато официјално обвинение против Кансело.
Да потсетиме, 30-годишниот дефанзивец минатото лето го напушти Манчестер Сити и се пресели во Ал-Хилал за 25 милиони евра, откако загуби позиција во екипата поради недоразбирања со Пеп Гвардиола.
Пред тоа беше на позајмици во Бајерн и Барселона. За португалската репрезентација досега одиграл 60 натпревари и постигнал 10 голови.