Дома Останати Кошарка Скандал во САД: Кошаркарка погодена со дилдо од трибините! (Видео)

Скандал во САД: Кошаркарка погодена со дилдо од трибините! (Видео)

На натпреварот помеѓу Индијана Фивер и ЛА Спаркс кој се одигра на 5 август, се случи еден необичен инцидент. Во втората четвртина од натпреварот, непознат гледач фрли зелено дилдо на теренот, кој, според „Си-Ен-Ен“, ја погоди кошаркарката Софи Канингам во нога. Ова е трет ваков инцидент во изминатата недела, што го потврдува алармантниот тренд на непочитување и сексуализирање на женскиот спорт.

Интересно е што Канингам само неколку дена пред натпреварот, на 1 август, реагираше на ваквите случувања преку Твитер:

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Престанете да фрлате дилда на теренот… ќе повредите некоја од нас,“ напиша таа.

Еден од сторителите на вакви напади веќе бил приведен и обвинет, според „Си-Ен-Ен“ но идентитетот на лицето што го наруши натпреварот помеѓу Фивер и Спаркс сè уште не е познат.

По натпреварот и тренерката на ЛА Спаркс, Лин Робертс, ја истакна загриженоста за безбедноста на играчките.

„Мислам дека е апсурдно, глупаво и многу опасно,“ изјави таа. „Безбедноста на кошаркарките треба да е на прво место. Почитувањето на играта исто така. Ова е навистина глупаво.“

Но, ниту Робертс ниту Канингам не го споменаа најочигледниот фактот што на машките кошаркарски натпревари никој не фрла дилда на теренот.

Популарноста на женската кошарка експлодира во последните години. Според „ЕСПН“, гледаноста на „ВНБА“ натпреварите е зголемена за 20% во споредба со претходната сезона. Во 2024 година, финалето на женскиот НЦАА турнир го надмина финалето кај мажите по број на гледач, првпат во историјата.

Кошаркарките како Софи Канингам, Анџел Рис и Кејтлин Кларк станаа вистински ѕвезди, препознатливи во целиот свет. Сето ова е добар показател за напредокот на женскиот спорт и заслуженото внимание кое конечно почнува да му се посветува, но овие инциденти се потсетник дека со порастот на популарноста, доаѓа и потребата за поголема заштита, почит и сериозност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Полицијата уапсила навивач од Куманово зашто сакал да внесе навредлив транспарент

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека бил уапсен навивач кој сакал да внес…