За време на викендот во Босна и Херцеговина се подигна огромна бурa на натпреварот помеѓу кошаркарите на Градина и Брчко во А1 лигата. Еден од кошаркарите на гостите, Душан Илиќ, беше снимен како непристојно гестикулира за време на интонирањето на химната на БиХ.
На снимката се гледа како пред натпреварот го прегрнува својот соиграч, а во моментот кога музиката се слуша од разгласот се фаќа за меѓуножјето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој негов потег предизвика голем број реакции, многумина бараат строга казна за кошаркарот, додека други велат дека сè е извадено од контекст.
Неговиот клуб нагласи дека ситуацијата е целосно поинаква и дека играчот немал никаква намера да покаже непочитување.