Дома Останати Кошарка Скандал во регионот: Се држеше за меѓуножјето при интонирањето на химната (Видео)

Скандал во регионот: Се држеше за меѓуножјето при интонирањето на химната (Видео)

За време на викендот во Босна и Херцеговина се подигна огромна бурa на натпреварот помеѓу кошаркарите на Градина и Брчко во А1 лигата. Еден од кошаркарите на гостите, Душан Илиќ, беше снимен како непристојно гестикулира за време на интонирањето на химната на БиХ.

На снимката се гледа како пред натпреварот го прегрнува својот соиграч, а во моментот кога музиката се слуша од разгласот се фаќа за меѓуножјето.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Тој негов потег предизвика голем број реакции, многумина бараат строга казна за кошаркарот, додека други велат дека сè е извадено од контекст.

Неговиот клуб нагласи дека ситуацијата е целосно поинаква и дека играчот немал никаква намера да покаже непочитување.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јута броеше до 150, Марканен брутален, но сите зборуваат за потегот на Нуркиќ од втората четвртина (Видео)

Кошаркарите од Јута по продолжението постигнаа победа против Чикаго Булс во натпревар во к…