Дома Фудбал Останато Скандал: Легендата на спортот и трикратен олимписки шампион исфрлен од репрезентацијата!

Скандал: Легендата на спортот и трикратен олимписки шампион исфрлен од репрезентацијата!

Легендарниот полски ски-скокач Камил Стох (37) нема да настапи на Светското првенство во нордиски дисциплини во Трондхајм, што е првпат од 2003 година.

Главниот тренер на полската репрезентација Томас Турнбихлер го објави списокот со патници на кој нема место за тројниот олимписки шампион.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


И покрај неодамнешното 16-то место на Стох во Сапоро, каде што беше најдобар полски претставник, Турнбихлер одлучи да им даде предност на другите скокачи кои покажаа подобри резултати во текот на сезоната.

Во репрезентацијата се вклучени Павел Васек, Александaр Знишчол, Давид Кубацки, Јакуб Волни и Пјотр Зила.

Турнбихлер ја објасни својата одлука наведувајќи дека Стох покажал напредок, но другите скокачи биле поуспешни во текот на сезоната.

“Разговарав и со Камил и со неговиот тренер Михал Долезал. Камил го прифати тоа како што прилега на вистински шампион – со класа и разбирање. Секако, беше разочаран. Но, ја разбираше фактот дека вкупниот поредок на Светскиот куп не лаже,” рече Турнбихлер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Расел по голема борба со Ферари славеше на спринтот во Кина

Британецот Џорџ Расел триумфираше на првата спринт трка од сезоната во Кина. Расел ја запо…