Дома Фудбал Скандал: Фудбалер уапсен на аеродром по враќањето од Светското клупско првенство! (Видео)

Скандал: Фудбалер уапсен на аеродром по враќањето од Светското клупско првенство! (Видео)

Јусеф Белаили, 33-годишниот играч на средината од Есперансе Тунис и член на репрезентацијата на Алжир, беше приведен во Париз по враќањето од Светското клупско првенство. Инцидентот се случи во среда, на 2-ри јули, на аеродромот Роаси–Шарл де Гол, каде што француската полиција го уапси веднаш по неговото излегување од авионот кој летал од Њујорк кон Париз.

Според пишувањата на DZ Foot и други извори, спорот почнал бидејќи тој одбивал правилно да го закачи безбедносниот појас на детето кое патувало со него. Стјуардесите неколку пати го предупредувале за задолжителноста да се закачи појасот, но Белаили упорно одбивал. Ситуацијата прераснала во вербална расправија помеѓу играчот и членови на екипажот, по што капитенот на авионот побарал полициска интервенција веднаш по слетувањето во Париз. На социјалните мрежи се појавија видео снимки каде што се гледа Белаили во лисици.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


По излегувањето од авионот, Белаили беше веднаш задржан и одведен во полициската станица. Според достапните информации, против него се покренати правни постапки, а очекувањата се дека ќе се појави пред суд многу скоро поради нарушување на редот и безбедноста во авијацискиот сообраќај. Неколку извори сугерираат дека судењето може да започне веќе во следните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погба за три месеци ќе се врати во форма и ќе биде – страв и трепет за ривалите

Спортскиот директор, Тијаго Скудо, верува дека Пол Погба може да се врати во добра физичка…