Дома Фудбал Скандал: Фортуна постигна гол со 12 играчи на терен

Скандал: Фортуна постигна гол со 12 играчи на терен

Херенвен водеше со 2-1 до 90-та минута, а потоа Фортуна израмни на 2-2 и тоа откако на терен имаше 11 играчи плус голман.

При една измена во 88-та минута, еден од фудбалерите на Фортуна не го напуштил теренот, а судиите тоа не го забележаа. Со нумеричка предност, Фортуна изнуди аут, потоа корнер, по кој го постигна голот за изедначување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ова е недозволиво. Фортуна играше со 12 играчи против нас, а тоа не смее да се случи на ова ниво. Навистина е тешко да се сфати ваква грешка. Веднаш го забележавме и го пријавивме на четвртиот судија, но играта продолжи како ништо да не се случило. Ова е ситуација што Холандската фудбалска асоцијација мора сериозно да ја разгледа“, изјави тренерот на Херенверн, Ван Перси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија оваа сезона ќе има еден претставник во ЛШ!

Лигата на шампионите стартува денеска, а Македонија и оваа сезона ќе има еден свој претста…