Дома Фудбал Ситуацијата се менува, Влаховиќ повторно најплатен!

Ситуацијата се менува, Влаховиќ повторно најплатен!

Душан Влаховиќ беше пред прагот на напуштање на Торино, но сега се молат да се врати по повредата, бидејќи другите напаѓачи се далеку од добра форма.. Сега, ситуацијата е променета, и управата на Јувентус како и самиот играч се подготвуваат за нов почеток.

Според извори од реномираниот италијански магазин Газета дело Спорт, двете страни се блиску до договор, а се очекува српскиот репрезентативец да остане дел од црно-белото семејство.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Неговиот долгогодишен договор што тежи 12.000.000 евра годишно би бил значително намален, но сè уште ќе остане најдобро платен играч на „старта даме“ со 7.000.000 евра по сезона, со вклучени бонуси.

Се разгледува и варијанта за краткорочен договор на една или две години, што би го решило проблемот кој долго време ги загрижува сите. Со тоа ќе се елиминираат гласините за заминување без оштета, овозможувајќи мирни разговари за идните планови без непотребен притисок.

Иако ја започна сезоната на клупа, Влаховиќ успеа да постигне шест гола на 17 натпревари и се позиционира како четврти стрелец на тимот. Поради повреда на адукторот, пропушти три и пол месеци.. Летните засилувања, Џонатан Дејвид и Луис Опенда, оставија лош впечаток, па нападот го водат крилни играчи – Кенан Јилдиз и Вестон Мекени.

Канадскиот шпиц мрежата ја погоди седум пати на 38 натпревари, додека Белгиецот беше прецизен само двапати на 33 настапи. Поради ова, враќањето на поранешниот играч на Партизан се очекува веќе во сабота против Удинезе, а тоа радосно го дочекуваат навивачите на бијанконерите кои копнеат по голови.

Во моментов, Јувентус е на шеста позиција во италијанското првенство, само со еден поен помалку од четвртопласираниот Комо. Првите две позиции се изгледаат недостапни, но со добра форма можат да се искачат веднаш зад водечкиот милански тандем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oвен: Ливерпул и понатаму е најдобар тим во Премиер лигата, само сега не играат добро

Мајкл Овен смета дека Ливерпул и понатаму е најдобриот тим во Премиер лигата и тврди дека …