Манчестер Сити покажува силен интерес за левиот бек на Милан, Тео Хернандес, според информациите од британските медиуми.
Францускиот фудбалер импресионира со своите игри и се потврди како еден од највпечатливите леви бекови во Европа, што го прави приоритет за Пеп Гвардиола.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тео има договор со „росонерите“ кој истекува во 2026 година, но тој сè уште нема потпишано продолжување на соработката.
Милан е подготвен да преговара за продажба на Тео за 50 милиони евра, бидејќи следното лето ќе влезе во последната година од својот актуелен договор.