Дома Топ вести Сити и ПСЖ ја сакаат ѕвездата на Аталанта

Сити и ПСЖ ја сакаат ѕвездата на Аталанта

Манчестер Сити е во порагата по квалитетен играч за врска, а најновото име на списокот на Гвардиола е Едерсон од Аталанта.

Едерсон пред две години пристигна во Аталанта од Салернитана за 23 милиони евра, а минатата сезона одигра одлично и го привлече вниманието на многу гиганти.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тој се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, а минатото лето Манчестер Јунајтед понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.

Гвардиола верува дека Едерсон ќе биде идеална замена за Родри и веќе почнал да работи на трансферот.

Меѓутоа, ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Едерсон силен интерес покажува и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…