
Шпанецот вечерва блесна против Мајорка. Неговиот гол е доказ дека Барселона има нова ѕвезда.
Марc Бернал долго ја чекаше својата шанса. Сезоната не му беше лесна – сериозна повреда го држеше долго време надвор од теренот, а многумина веќе зборуваа дека би можел да го напушти клубот зимава.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Флик, како и минатата сезона со Ерик Гарсија, остана при својот став – сметаше на Бернал и му бараше трпение. И Бернал му веруваше.
А потоа дојде натпреварот против Мајорка и Бернал покажа зошто вложуваше напор. Неговиот гол беше вистинска лекција по фудбал: совршено излегување на позиција, експлозивен спринт, дриблинг низ противничката одбрана и прецизен шут за третиот гол на Барселона таа вечер.
И сите почнаа да зборуваат за него во исто време со Серхио Бускетс – само што овој гол популарниот ‘Буси’ никогаш не го постигнал.