Дома Останати Тенис Синер го врати тренерот по аферата со допинг

Синер го врати тренерот по аферата со допинг

Јаник Синер одлучи во својот тим да го вклучи Умберто Ферара, кондиционен тренер и човек кој беше вмешан во суспензијата што ја доби италијанскиот тенисер.

Првиот тенисер во светот, по консултации со својот тим, одлучи повторно да соработува со споменатиот Ферара.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Една од причините за неговото враќање е тоа што Синер пред Вимблдон се раздели со кондициониот тренер Марко Паники и физиотерапевтот Улисес Бадија.

Да потсетиме, Синер оваа година одслужи тримесечна суспензија, а се испостави дека клостеболот, недозволена супстанца, завршил во неговото тело преку крема што ја користел Ферара.

Таа ја носел за лична употреба, но физиотерапевтот Ѓакoмо Налди ја искористил за да му ги санира раните на прстот на Синер.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ: Ме прашуваат кога ќе дојде мојот крај…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одржа воведна прес-конференција пред почетокот на Австралиј…