Дома Фудбал Симеоне има само еднa желба – ќе потроши 70 милиони евра за засилување

Симеоне има само еднa желба – ќе потроши 70 милиони евра за засилување

За тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, летниот трансфер период се сведува главно на едно име – станува збор за стоперот на Тотенхем, Кристијан Ромеро (27), објавија шпанските медиуми. Аргентинскиот репрезентативец има договор со „Спарс“ до јуни 2027 година и лондонскиот клуб бара за него 70 милиони евра отштета.

Преговорите помеѓу двата клуба траат веќе некое време, а медиумите тврдат дека „Колчонерите“ се подготвени да го платат тој износ. Атлетико нуди 55 милиони евра и уште 15 милиони во потенцијални бонуси. Минатото лето, Атлетико донесе од Манчестер Сити играч на цена од 75 милиони евра, Хулијан Алварез, што се покажа како правилна одлука, бидејќи аргентинскиот голгетер постигна веќе 29 голови и седум асистенции во својата прва сезона.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


И додека Алварез е клучен играч во нападот на Атлетико, Ромеро би требало да биде столбот на одбраната. Неговото доаѓање силно го поддржуваат претседателот на клубот, Енрике Серезо, и извршниот директор, Гил Марин. Ромеро е во Тотенхем од август 2022 година, а дојде од Аталанта во трансфер вреден 52 милиони евра.

Фото: Принткрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Има само 15 натпревари во Премиер лигата, а Јунајтед и Челси водат битка за неговиот потпис!

Мaнчеестер јунајтед и Челси изразија силен интерес за играчот од средниот ред на Сандерлен…