Дома Фудбал Симеоне: Анчелоти е многу подобар од мене

Симеоне: Анчелоти е многу подобар од мене

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ќе играат за 28. пат во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Реал го доби првиот натпревар на „Бернабеу“ со 2:1, па Атлетико ќе има сериозна задача на „Метрополитано“, да го сторат она што никогаш досега не успеале, да го елиминираат Реал од Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, зборувајќи за својот следен противник, рече дека Дон Карло е многу подобар тренер од него.

Поминав многу време во Италија, а тој е роден таму. Затоа понекогаш изгледа дека имаме исти идеи, не е толку чудно, бидејќи созревав живеејќи таму. Од сето тоа денес може да изгледа дека некои работи личат во нашите стилови. Но, јасно е дека Анчелоти е многу подобар од мене“, рече Симеоне.

Реал против Атлетико има 10 победи, а „јорганџиите“ на својот стадион загубија само двапати од „кралскиот клуб“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…