
Манчестер Сити летово повторно ќе доживее важни промени.
Капитенот Бернардо Силва заминува по истекот на договорот како слободен играч, се уште не е познато каде, а исто така е неизвесно дали Родри ќе потпише нов договор, што би можело да доведе до негова продажба.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Пеп Гвардиола не може да седи со скрстени раце и да чека расплет на ситуацијата и затоа дал зелено светло клубот да тргне по Елиот Андерсон.
Асот на Нотингем Форест е голема желба на Пеп Гвардиола, еден од најдобро оценетите играчи за врска во Премиер лигата, а не е тајна дека Нотингем Форест чини минимум 100.000.000 евра.
Наводно, сопственикот на Форест, Евангелос Маринакис лично му порачал на Андерсон дека ќе преговара за негов трансфер доколку стигне соодветна понуда од Манчестер.
Интересно е што тој се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед, но наводно, играчот би сакал повеќе во Сити.
Од „Етихад“ исто така пристигнуваат информации дека Андерсон е предвиден како долгорочно решение, без разлика на расплетот на преговорите со Родри, токму поради заминувањето на Бернардо Силва и фактот што Матео Ковачиќ веќе долго е повреден и прашање е во каква состојба ќе биде при враќањето.
Андерсон има 23 години, а во Форест пристигна од матичниот клуб Њукасл за 41.000.000 евра, а според сè изгледа сега ќе биде платен два и пол пати повеќе.