
Екипата на Силекс одигра одличен натпревар во Кавадарци каде што со 3-0 славеше на гостувањето кај Тиквеш во 26. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Со денешниот триумф Силекс успеа да влезе во мини серија од две победи во низа. Притисокот кој го имаа од самиот почеток вроди со плод во 17. минута кога Пиреш со удар со глава ја затресе мрежата по прецизен корнер на Мирчевски.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Домашниот состав делуваше без идеја и енергија, а единствениот посериозен обид го имаше преку Стојанов, но неговиот удар беше лесен плен за сигурниот голман Џеков.
Пред заминувањето на одмор, Силекс го зголеми водство, Алиќ во 41. минутапо асистенција на Додев го постигна својот седум гол во првенство.
Во второто полувреме сликата не се промени. Гостите целосно ја контролираа играта, додека Тиквеш не успеа да најде начин да се врати во мечот. Точката на убедливата победа ја стави резервистот Кристијан Велиновски, кој со атрактивен погодок во финишот ги постави конечните 0-3.
Вториот дуел во истиот термин помеѓу Башкими и Брера заврши без победник.