Дома Останати Кошарка Што ги чека кошаркарите на Партизан поради тепачката пред ноќен клуб? (Видео)

Што ги чека кошаркарите на Партизан поради тепачката пред ноќен клуб? (Видео)

Тепачката во која учествуваа играчите на Партизан (Карлик Џонс, Исак Бонга, Стерлинг Браун и Френк Ниликина) пред еден ноќен клуб во Белград наскоро ќе добие и правен епилог.

Во моментот се собрани докази, а потоа ќе следи и сослушување на сите учесници во тепачката.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тоа за што може да се обвинат кошаркарите на Партизан, пред сè Карлик Џонс, е учество во тепачката и нанесување телесни повреди. Во зависност од медицинската документација – ќе биде познато дали се работи за полесни или потешки повреди.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како Карлик Џонс удира момче со шише по главата. Удреното момче потоа падна, а репрезентативецот на Јужен Судан го гаѓаше со дел од шишето што му остана во рацете, што исто така се гледа и на видеото.

Инцидентот се случи на улицата Црногорска околу 4 часот по полноќ, односно рано наутро во понеделник. Полицијата доби повик околу четири ипол часот и излезе на теренот каде што затекна тројца повредени мажи.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„НБА е модерно ропство“: Во Америка го третираат како „ѓубре“, а на Евробаскет е МВП

На Светското првенство 2023 година на Филипините беше МВП на турнирот, а сега две години п…