Дома Фудбал Шпански новинар најавува: Реал донел одлука, Анчелоти нема да биде тренер, но може да остане во клубот

Шпански новинар најавува: Реал донел одлука, Анчелоти нема да биде тренер, но може да остане во клубот

Карло Анчелоти веројатно на крајот од оваа сезона ќе го напушти клупското место на Реал Мадрид. Новиот тренер на Кралевите треба да стане Чаби Алонсо.

Ерата на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид веројатно ќе заврши на крајот од оваа сезона. Сè повеќе изгледа дека легендарниот Италијанец нема да ја одработи последната сезона од договорот и дека неговото место ќе го преземе Чаби Алонсо.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Раководството на кралскиот клуб започна преговори со шпанскиот стручњак. Соработката наскоро би требала да стане официјална.

“Претставниците на Чаби Алонсо и Реал Мадрид одржаа преговори. Овој стручњак можеби веќе ова лето ќе го преземе клубот”, наведува реномираниот новинар Марио Кортегана и додава:

“Карло Анчелоти е информиран дека клубот водел разговори со Чаби. Тој сака да остане во клубот, а тоа би можело и да се случи, ако ja освои Ла Лига или Лигата на шампионите.”

Потоа Кортегана продолжува.

“Важни фактори од клубот веруваат дека Чаби Алонсо ќе внесе модернен и динамичен стил на фудбал во однос на Анчелоти и дека ќе ја обнови енергијата на екипата”.

Анчелоти би можел да го заврши договорот до летото 2026 година на некоја друга позиција.

“Во договорот за продолжување на соработката, пишува дека Анчелоти би можел да преземе и друга функција во клубот. Перез и раководството го гледаат како човек од клубот и некој кој може да биде корисен во различни сфери.”

Се наведува и дека Анчелоти би можел да добие нова работа и тоа во Бразил.

“Бразил би можел да го обнови интересот за Анчелоти. Тој е едно од имињата кое Роналдо го посакува на клупата ако стане претседател на Фудбалската федерација на Бразил”, се зборови на реномираниот новинар.

Анчелоти го презеде Реал Мадрид во 2021 година и ова му е втор мандат на клупата на Кралевите. Освои се што можеше и стана тренерска икона на клубот.

“Јас за тоа не одлучувам. Сè е во рацете на Флорентино Перез.”

Чаби Алонсо од друга страна е човек кој често се поврзува со Реал. Поради кралскиот клуб одби понуди од Баерн и Ливерпул, а многумина веруваат дека со него Реал ќе биде непобедлива машина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конте: Ова што го правиме, не е нормално

Тренерот на Наполи Антонио Конте призна дека се надеваше на поубедлива победа од оваа со 2…