
Шпанскиот новинар Хуанма Родригез гостуваше во програмата Ел Чирингито каде што ги коментираше актуелностите во Реал Мадрид. Една од темите беше и Килијан Мбапе за кого Родригез смета дека досега можел да даде повеќе. За пример како францускиот напаѓач може да напредува го зема Лука Модриќ.
Модриќ имаше тежок почеток на кариерата во Реал. Се приклучи од Тотенхем во 2012 година и во првата година во анкетата на „Марка“ беше прогласен за најоспоруван трансфер на годината. Денес Модриќ е капитен на клубот и легенда со најголем број освоени трофеи (28).
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Мбапе, кој стана дел од Реал како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ на крајот од минатата сезона, оваа натпреварувачка година одигра 42 натпревари за мадридскиот гигант. Постигна 28 голови и запиша четири асистенции. Во последните пет натпревари постигна еден гол, што го поттикна Родригез на јавна критика и сугестија до 27-годишниот напаѓач.
„Прашaj го Модриќ, блиску ти е, каков беше неговиот почеток во Реал. Нека ти даде приватни лекции“, изјави шпанскиот новинар насочувајќи го Мбапе на значењето на играњето за Реал Мадрид.