
Винисиус Жуниор (24) би можел да го напушти Реал Мадрид на лето, објавија голем број шпански медиуми.
Сите медиуми како можна дестинација за Винисиус ја наведуваат Саудиска Арабија, поточно Ал Хилал. Се споменува обештетување од околу 300 милиони евра, убедливо најголемо во историјата на фудбалот.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Рекордот го држи Нејмар, кој во 2017 година од Барселона се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра.
И тоа не е се. Според шпанските медиуми, Реал не само што подготвува продажба, туку сака да направи и три дојдовни трансфери истовремено.
Се работи за потенцијалните пристигнувања на Родри и Ерлинг Халанд од Манчестер Сити и Вилијам Салиба од Арсенал.
Значи, за играч од средниот ред, напаѓач и дефанзивец, по еден играч за секоја линија на тимот. А тие три трансфери вкупно би требало да чинат околу 300 милиони евра, колку што Винисиус би можел да си замине од клубот.
„Реал подготвува договор каков што досега не бил виден во фудбалот. Покрај тоа што ќе биде најголемата продажба во историјата, таа би била и поттик за три мега трансфери со кои Реал би се обидел да го изгради најсилниот тим на светот околу Мбапе“, пишува Дефенса Централ.