Дома Фудбал Шпански медиуми: Манчестер сити нуди 275 милиони евра за Јамал

Шпански медиуми: Манчестер сити нуди 275 милиони евра за Јамал

МАНЧЕСТЕР СИТИ планира да поднесе понуда за Ламин Јамал со која би го собориле светскиот рекорд, пишува шпанскиот Фичахес. Понудата би требало да изнесува огромни 275 милиони евра, со што тој трансфер би станал најголем во историјата на фудбалот ако Барселона би била заинтересирана за продажба на најголемиот талент.

Иако има само 17 години, Јамал остави неизбришлив белег во Ла Лига, фасцинирајќи ги сите со своите вештини, визија и способност да направи разлика на теренот. Неговиот талент привлече внимание од големите светски клубови, а сега Манчестер Сити изгледаaт подготвени да инвестираат рекордна сума за да ја осигурат неговата иднина.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Понудата на Манчестер Сити не одразува само интерес на клубот за извонредно талентиран играч, туку и доверба во неговата иднина. На Етихад, Јамал би можел да стане дел од тим исполнет со ѕвезди и да продолжи да учи од најголемите фудбалери во светот, со што дополнително би го забрзал својот развој.

Иако е тешко да се поверува дека Барселона би го пуштила така лесно, финансиската понуда ги става Каталонците во тешка положба. Клубот веќе работи на продолжувањето на неговиот договор кој трае до јуни 2026 година.

Во моментов се потпираат на неговата откупна клаузула од милијарда евра. Преговорите би можеле да бидат долгорочни, но вистина е дека неговата иднина останува неизвесна, а интересот на големите клубови како Манчестер Сити би можел да го забрза целиот процес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бура на повидок: каква суспензија заслужува Мбапе, а каква ќе добие?! (Видео)

Килијан Мбапе доби црвен картон во победата на Реал Мадрид над Алавес и го чека суспензија…