
Фати Васкез, позната инфлуенсерка од Шпанија, се најде на мета на ужасни смртни закани откако медиумите и фановите ја поврзаа со фудбалерот на Барселона, Ламин Jамал (18).
Минатите денови, шпанските медиуми известуваа дека 30-годишната Фати го поминала викендот со младиот фудбалер, што беше дополнително поттикнато од фотографиите кои и двајцата ги објавија на Инстаграм, на исти или слични локации – на брод пред каменест брег и покрај базен со карактеристично дрво и балдахини во позадина.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Иако ниту еден од нив не ја потврди директно врската, фановите веднаш го “решија загатката” и започнаа шпекулации за романса. Сепак, познатиот шпански инфлуенсер и новинар Хави де Охос тврдеше дека разговарал со Јамал и дека фудбалерот ја негирал каква било емотивна врска со Фати.
– Не постои романса меѓу нив. На тоа патешествие не беше сам, има присуствувано уште неколку соиграчи од Барселона. Веројатно Фати има врска со некој друг од тимот – изјави де Охос.
Сепак, Фати се соочува со гневот на одредени фанови, кои почнаа да и испраќаат ужасни закани за нејзиниот живот.
– Тажно е да се види дека има луѓе кои носат толку многу мрак во себеси што посакуваат смрт на некој што не го познаваат. Она што другите го проектираат, повеќе зборува за нив, отколку за мене. Избирам да живеам со намера да растам и да се опкружувам со светлина. На тие што ми сакаат зло, им посакувам исцеление. Зашто никој што е добар во себе, не посакува пропаст на друг – порачала Фати на својот Инстаграм профил.
Инаку, Фати Васкез потекнува од Галиција и има речиси 400.000 обожаватели на Инстаграм, како и преку 320.000 на ТикТок. Завршила училиште за стјуардеса, а популарноста и се зголеми после овој инцидент.