
Поранешниот шпански прволигаш, екипата Малага, смисли една посебна идеја, која ќе ја предложи на следниот состанок на Ла Лига и шпанскиот понизок фудбалски ранг.
Во Малага сметаат дека секој облик на расизам или навреди од трибините треба да се казнува со црвени картони за екипата чиј навивачи имаат пораки на омраза.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Тоа би се направило на начин што тренерот ќе треба да извади еден од играчите, слично како во ситуациите кога голманот добива црвен картон.
“Навредите, омразата и нетолеранцијата немаат место во фудбалот во ниедна земја во светот”, вели Хосе Круз, директорот за безбедност во Малага.
Ла Лига долго време води борба против расизмот на терените, а ова не е единствениот предлог што би се разгледал.