Лука Модриќ (39) одлично ја одигра целата утакмица во домашната победа на Реал против Салцбург со 5:1 во седмото коло од Лигата на шампиони. Најубавиот потег му беше прекрасната асистенција која што е негов заштитен знак – додавање со надворешниот дел на стопалото, по што Винициус го постигна четвртиот гол за Реал.
По одличната игра на Модриќ, во утакмицата што Реал мораше да ја добие за како актуелен првак на Европа да продолжи со одбраната на титулата во нокаут-фазата, капитенот го фалат шпанските медиуми и навивачите на Реал. Но, асистенцијата не е единственото импресивно нешто што тој го направи на овој дуел. Ја заврши како играч со најмногу допири со топката (141), додавања (119), додавања во последната третина од теренот (14), долги топки (8) и освоени топки (9).
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
Поради таквите бројки статистиката на Модриќ брзо стана вирална.. На социјалните мрежи се шират статистики со неговите бројки против Салцбург. Еден од статусите покрај нив е: “Во годината кога ќе наполни 40 години, хрватскиот магионичар блеска во најсилното натпреварување на светот. Ова што го прави Модриќ нема смисла!”