
Винисиус Жуниор и Реал Мадрид продолжуваат да чекорат заедно во преговорите за обновување на соработката.
Мадридскиот весник Ас денеска ексклузивно потврди дека преговорите напредуваат и дека се очекува ВинисиусЖуниор да потпише нов договор во наредните месеци.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
И покрај недоразбирањата меѓу Чаби Алонсо и Винисиус, ситуацијата е разрешена, бидејќи Бразилецот има натпреварувачки дух што понекогаш тежнее кон конфликт кога не е на теренот, а не поради непочитување на тренерскиот авторитет.
Во Реал Мадрид сите сметаат дека Винисиус игра клучна улога, но исто така велат дека ниту еден играч не е над клубот и дека Бразилецот понекогаш мора да прифати одредени ситуации.
Новиот договор за Винисиуус повторно е на маса, првпат засега годинава, откако преговорите беа во застој. Гласините од последните недели не ги нарушија преговорите. Според Ас, Чаби и Винисиус сѐ решија меѓусебно, со споделена цел да го стават успехот на Реал Мадрид на прво место.