Дома Фудбал Останато Шокантно сведочење на Линдзи Вон: Можеле да ѝ ја ампутираат ногата

Шокантно сведочење на Линдзи Вон: Можеле да ѝ ја ампутираат ногата

Легендарната американска скијачка Линдзи Вон ги сподели драматичните детали за нејзината повреда.

Олимписката шампионка од 2010 година го скина предниот крстен лигамент само неколку дена пред почетокот на игрите, но и покрај сериозноста на повредата, одлучи да се натпреварува во спустот. Тој чекор доведе до уште поголема драма – Вон претрпе тежок пад и доби сложена повреда на ногата.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Помина низа од пет операции, а сега Вон објави на Инстаграм дека ситуацијата била многу посериозна отколку што се мислело.

“Имав сложен фрактура на потколеницата, а главата на фибулата исто така беше скршена. Причината поради која сѐ беше толку комплицирано е што имав компартман синдром”, напиша Вон.

Го објасни и за каква состојба станува збор:

“Компартман синдромот се јавува кога некој дел толку е сериозно повреден што се насобира многу крв која не може да истече. Во суштина, тоа ги смачкува сите мускули, нерви, тетиви, и тие почнуваат да губат функција.”

Потоа откри шокантен детал, била пред ампутација:

“Д-р Том Хакет ми ја спаси ногата од ампутација. Направи фасциотомија, ја отвори двете страни на ногата за да може да дише и ме спаси”, порача таа.

Пред Вон е долг процес на опоравување.

“Ќе биде потребно околу една година за коските да заздрават. По тоа ќе одлучам дали ќе го извадам металот, ќе претрпам друга операција и на крај ќе го реконструирам предниот крстен лигамент. Животот е таков каков што е, мораме да ги примаме ударите како доаѓаат”, заклучи Американката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов инцидент на Зимските Олимписки Игри: Тинејџер тешко падна – можеше сериозно да се повреди (Видео)

И денеска на Зимските олимписки игри во Милано/Кортина не мина без сериозен пад, а нова жр…