Дома Фудбал Шок за навивачите: Фенербахче тоне во долгови од на пола милијарда!

Шок за навивачите: Фенербахче тоне во долгови од на пола милијарда!

Спортското друштво Фенербахче од Истанбул е во сериозни финансиски потешкотии, бидејќи вкупниот долг на сите секции достигнува неверојатни 588 милиони евра.

Оваа информација ја пренесе турскиот спортски новинар Јагиз Сабунџоолу.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Кога оваа сума ќе се пресмета во домашната валута, долгот на Фенербахче изнесува 28,7 милијарди турски лири. Ова се однесува на вкупната задолженост на целото спортско друштво, вклучувајќи ги сите секции, спортските објекти и деловните операции на клубот.

Напомена, Фенербахче лани беше шампион на Евролигата, откако во финалето на Финал Фор успеа да го совлада АС Монако со резултат од 81:70.

Што се однесува до фудбалскиот клуб, Фенербахче минатата сезона завршил како второпласиран во Турција. По неуспехот во квалификациите за Лигата на шампиони, клубот го раскина договорот со Жозе Мурињо и го назначи Доменик Тедеско на функцијата главен тренер.

Во моментов, фудбалската екипа се наоѓа на третото место во Суперлигата со 19 бодови од девет натпревари, додека во Лигата на Европа има освоени шест бодови по три кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал во Лига Европа: Настапил фудбалер кој немал право, беше и еден од најважните во тимот – голем пропуст на УЕФА!

На натпреварот меѓу Лион и Утрехт на теренот играше фудбалер кој немаше дозвола и асистира…