
Словенечкиот кошаркарски талент Лука Дончиќ блика на кошаркарските терени во НБА оваа сезона, но на приватен план не е сѐ така блескаво, бидејќи се шири веста дека врската со неговата долгогодишна парнерка Анета Голтец можеби е завршена.
Станува збор за еден од најпрепознатливите и најдолготрајните парови меѓу познатите спортисти, со оглед на тоа што Дончиќ и Анета се заедно уште од средношколските денови.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Нивната прва средба се случила кога имале 12 години, неколку години подоцна започнале врска, а официјално се заедно од 2016 година.
По повеќе од една деценија познанство, сѐ почести се шпекулациите дека нивната љубов е при крај, а тие гласови ги потикна Анета со забележување на Инстаграм, каде што ги отстрани сите објави поврзани со Дончиќ.
Ваквите наводи доаѓаат само два месеца по раѓањето на нивното второ дете, ќерката Оливија, а пред две години станаа родители на нивната прва ќерка, Габриела.
Дополнително, сомневањата за можниот крај на врската нивната се зајакнаа со нејзината објава во февруари, во која на прашањето за музичкиот вкус одговори со: “Комплицирано е”.
Исто така, и самиот Лука го направил истиот потег – ги отстранил фотографиите кои ги сподели откако ја запроси Анета.
Дончиќ оваа сезона е главната фигура на Лос Анџелес Лејкерс, водејќи го тимот кон пласман во НБА плејофот, бидејќи Лејкерси се шести на табелата на Запад со 37 победи и 25 порази.