Дома Фудбал Останато Шок за човекот кој го купи костумот на Јута Лердам – плати 195.000 евра, а сега дозна дека е измамен!

Шок за човекот кој го купи костумот на Јута Лердам – плати 195.000 евра, а сега дозна дека е измамен!

Кон крајот на февруари, анонимен купувач издвои неверојатни 195.000 евра за костимот кој наводно го носела холандската брзоклизачка ѕвезда Јута Лердам (27) за време на својата трка на Олимписките игри во 2026 година. Но, сега, околу овој скапоцен дел од опремата, се крена голема врева.

Според извештаите на германските медиуми, произлезе дека портокаловоплавиот едноделен костим всушност не е оној што Лердам го носела при својата победа на 1.000 метри во Милано.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Дури по завршувањето на аукцијата беше откриено дека преубавата холандска ѕвезда всушност не гоносела тој костим на самото натпреварување.

Во врска со тоа, се обрати и Холандскиот олимписки комитет:

“Платформата MatchWornShirt (MWS), која неодамна во наше име ја организираше аукцијата на спортската опрема на Холандскиот олимписки тим, го поправи статусот на продадениот костим на Јута Лердам.”

Од Комитетот дополнително објаснија што точно се случи:

“По истрагата и консултациите со сите вклучени страни, беше утврдено дека дискутабилниот костим не е натпреварувачкиот костим кој Лердам го носеше во трките на 500 и 1.000 метри во Милано. Затоа, статусот на предметот е променет од ‘носен натпреварувачки костим’ во ‘олимписки костим за брзо лизгање’.”

Сѐ уште не е познато чии или кој точно костим е продаден, но купувачот со највисока понуда е известен за новонастанатата ситуација.

Сепак, без оглед на оваа ситуација, приходите од аукцијата ќе бидат наменети за развој на младите таленти во брзото лизгање во Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шампион во борење обесен во Иран

Во сенка на засилените тензии меѓу САД, Израел и Иран, од спортскиот свет пристигнува возн…