
Џејлен Браун, познатата ѕвезда на Бостон и НБА шампион од 2024 година, ретко излегува во јавноста со контроверзи, но овојпат дојде во центарот на вниманието не поради себе, туку поради својот татко Квинтон Браун.
Квинтон беше уапсен во Лас Вегас под обвинение за обид за убиство.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според полицискиот извештај, инцидентот се случил по една расправија, кога Квинтон го нападнал тренерот на младински тим по американски фудбал.
Jaylen Brown’s father, Marselles Brown, was arrested for attempted murder after allegedly stabbing a youth football coach during a dispute over a parking spot, per @TMZ_Sports pic.twitter.com/Ut23IaRSYu
— NBACentral (@TheDunkCentral) August 21, 2025
Тој, вооружен со нож, жртвата ја нападнал повеќекратно, предизвикувајќи тешки повреди – удари во грбот и рацете, дури и скршено ребро, а моментално се наоѓа во критична состојба.
Сведоци изјавиле дека Браун ја следел жртвата и замавнувал со ножот повеќе пати. Полицијата го нашла покриен со крв по лицето, и како што се наведува, веднаш признал дека конфликтот настанал околу паркинг место.
Квинтон Браун е поранешен професионален боксер со скор од 33 победи, 18 порази и една поништена борба, а првпат влегол во рингот во 1989 година. Сега му следи судење во Невада.
Неговиот син, Џејлен, е еден од најдобрите играчи на денешницата и сопственик на највредниот договор во НБА лигата, кој надминува 300 милиони долари.