Со години наназад еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем e Сон Хјунг-мин, а како што стојат работите, дојде момент за промена на средината.
Сигурно е дека постојат многу клубови што би сакале да го доведат, но еден од нив сега еден изгледа одлучил да преземе конкретни чекори околу трансферот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно Рубен Аморим „наредил“ на управата на Манчестер Јунајтед дека главната мета за 2025 година е токму Сон Хјунг-мин.
Во Манчестер Јунајтед веруваат дека имаат многу добри шанси во текот на следната година да го доведат одличниот фудбалер од Тотенхем.
Сон има 32 години и се смета за најдобриот играч на сите времиња од Јужна Кореја, а пристигна во Тотенхем во 2015 година за само 30 милиони евра.
Ова е за него десетта сезона во Лондон, и бил дел од дури 254 гола досега (постигнал 166 голови и забележал 88 асистенции) во 422 одиграни натпревари за Тотенхем.
Кога Хари Кејн замина од Тотенхем, токму Сон стана капитен на овој клуб, меѓутоа следната година и тој би можел да замине од овој клуб.
Неговиот договор со Тотенхем истекува на крајот од сезоната, па следното лето може како слободен играч да замине на Олд Трафорд, ако Аморим сака да чека дотогаш.
Наводно, Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го доведе веќе во јануари затоа што сметаат дека Тотенхем ќе мора да го продаде доколку сака да заработи на него.
Аморим е во потрага по засилувања за да го врати Манчестер Јунајтед на старите патеки на слава, а тешко дека еден трансфер прозорец ќе му биде доволен за тоа.
Формацијата која Португалецот ја сака за своите клубови е 3-4-2-1, а Сон би можел да игра како една од двете десетки позади напаѓачот.
Тоа би значело, барем според тековниот ростер на Манчестер Јунајтед, дека Сон би играл на врвот на нападот со Бруно Фернандес и Маркус Рашфорд.