Третата тенисерка во светот, Канаѓанката Габриела Дабровски (32) со јавноста ја сподели информацијата дека има рак на дојка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сега ја чека лекување, кое го одложи за да може да учествува на некои турнири.
– Ова ќе биде шок за многумина, но јас сум добро и ќе бидам добро – започна Дабровски во објава на Инстаграм.
Во втората половина на 2023 година почувствувала грутка, но и било кажано дека не е ништо сериозно. После тоа повторно се загрижила за своето здравје, а пред половина година дознала дека има рак.
– Ова се зборови кои никогаш не очекувате да ги слушнете и кои можат за миг да го свртат вашиот живот или животот на некој близок – изјави тенисерката.