Дома Фудбал Шкупи во голем проблем: Нема каде да игра со Силекс!

Шкупи во голем проблем: Нема каде да игра со Силекс!

Иако шампионатот штотуку стартуваше, ФК Шкупи веќе се соочува со сериозни предизвици. Поразот од Шкендија во првото коло беше само првиот удар, а отсуството на Бабунски од клупата дополнително ја зголеми неизвесноста. Најголем проблем, сепак, останува фактот што стадионот „Чаир“ не ги исполнува техничките услови за ВАР-системот.

Токму поради тоа, натпреварот од второто коло против Силекс е под прашање во поглед на локацијата. Од Фудбалската федерација на Македонија уште пред почетокот на сезоната укажаа дека „Чаир“ е единствената арена во лигата која не ги задоволува потребните стандарди, и раководството на клубот беше повикано навреме да реагира.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бидејќи забелешките не се отстранети, Шкупи не доби дозвола да игра дома. Во јавноста се споменуваше можноста дуелот да се одигра во Куманово, но според информациите на „Опен ТВ“, ФФМ не ја одобри ниту таа опција. Така, само два дена пред мечот со Силекс, чаирчани сè уште немаат одредено каде ќе го пречекаат својот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е најдобриот гол од почетокот на сезоната – го лобуваше голманот на Партизан од 30 метри!

Партизан на свој терен претрпе пораз од 2:0 против шкотскиот Хиберниан во првиот натпревар…