Дома Фудбал Шкупи се засили со фудбалер кој бил дел од германски гигант!

Шкупи се засили со фудбалер кој бил дел од германски гигант!

Екипата на Шкупи за кратко време го официјализира и второто засилување во летниот преоден рок, откако денеска во своите редови го претстави 20-годишниот Адонис Милај – млад косовски фудбалер кој своето фудбалско образование го стекнал во Германија, во академијата на Борусија Менхенгладбах.

Иако до неодамна чаирскиот клуб се наоѓаше во тешка состојба – без сопственик, со сериозни долгови кон играчите и голема доза на неизвесност – сега ситуацијата очигледно почнува да се стабилизира. Клубот повторно се активираше на трансфер-пазарот и веќе работи на креирање конкурентен состав за следната сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Милај настапува на позицијата дефанзивен играч за врска, а покрај искуството во младинските тимови на Менхенгладбах, минатата сезона беше дел од германскиот СЦ Сент Тёнис. Има и настапи за младинската репрезентација на Косово до 19 години.

Од клубот порачаа дека со неговото доаѓање очекуваат дисциплина, стабилност и квалитет во средниот ред, со надеж дека Милај ќе биде важна алка во новата екипа која ќе се обиде да остави подобар впечаток од претходната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…