Дома Фудбал Шкупи доби нов генерален директор

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалскиот клуб Шкупи. Туран е човек многу близок до новиот претседател Јасин Коњали, а истиот има целосна доверба во градењето на составот за пролетниот дел од сезоната 2024/25.

Десна рака ќе му биде спортскиот директор Ндерим Неџипи, име познато на спортското мислење во земјава и пошироко, а особено за клубот ФК Шкупи.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


За Ајкут Туран, кој по потекло е од Косово, ФК Шкупи ќе биде неговиот прв клуб кој работи надвор од Турција, каде што претходно соработуваше со клубови како Менеменспор, Алтинорду, Бурсаспор и Аданадемирспор, каде што работеше со млади фудбалери, помагајќи им во градењето нивната фудбалска кариера.

Дипломираше на Универзитетот во Маниса „Челал Бајар“, на Факултетот за физичка култура, гранка, спортски менаџмент. Негова нова задача ќе биде раководството на клубот ФК Шкупи и младите таленти на клубот.

Во оваа прилика, по неговото излагање, тој накратко изјави дека отсега европските врати за младите играчи во Македонија ќе се отвораат токму преку ФК Шкупи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните им ги одземаат пасоши на хулиганите

Околу 150 навивачи на Челси и Манчестер сити на кои им е забрането влегувањето на стадион …