Дома Фудбал Шкендија пред сериозен предизвик во Европа: Гостува полска Јагјелонија со своите ултраси!

Шкендија пред сериозен предизвик во Европа: Гостува полска Јагјелонија со своите ултраси!

Тетовската Шкендија вечерва го игра третиот натпревар од групната фаза во Конференциската лига, а вторпат сезонава ќе настапи пред својата публика. На Арената „Тодор Проески“ гостува полската Јагјелонија, тим кој важи за фаворит во овој дуел.

„Црвено-црните“ во мечот влегуваат охрабрени од првата европска победа сезонава, остварена во минатото коло против Шелбурн, кога со автогол на Ирците во самиот финиш стигнаа до триумф. Сепак, пред нив сега стои далеку потежок противник – Јагјелонија која на првите две средби одигра нерешено со Стразбур и славеше против Хамрун.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Свесен дека ги очекува сериозен предизвик е и тренерот на тетовци, Јетон Беќири, кој најави мотивирано издание на својата екипа:

„Јагјелонија е навистина квалитетна екипа и очекувам натпревар различен од оној против Шелбурн. Полјаците се агресивни и добро организирани во средината и нападот, па мора да бидеме концентрирани. Сепак, верувам во нашите момци и се надевам дека повторно ќе им приредиме радост на навивачите“, изјави Беќири.

Натпреварот ќе започне во 21 часот, а според најавите, полскиот тим ќе има поддршка од околу 250 до 300 свои навивачи на трибините во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок во Турција: Почина млада фудбалерка на само 13 години

Турската јавност и спортската сцена се во длабока жалост поради трагичната вест за заминув…