Дома Фудбал Шкендија денеска игра за историја!

Шкендија денеска игра за историја!

Тетовска Шкендија денеска ќе се обиде да испише историја на европската сцена, откако вечерва ја очекува реванш пресметката против ФЦСБ во Букурешт, во рамки на второто квалификациско коло за Лигата на шампионите. Македонскиот првак замина за Романија со предност од 1-0 од првиот натпревар во Скопје, резултат кој ги остава „црвено-црните“ во игра не само за пласман понатаму, туку и за сигурен настап во групната фаза на Конференциската лига, нешто што би било првпат во историјата на клубот.

Иако романскиот вицешампион важеше за фаворит пред стартот на оваа двомечна пресметка, Шкендија уште еднаш покажа дека знае како да се надигрува со поголеми ривали. Во првиот дуел не само што го совлада ФЦСБ, туку имаше и неколку добри прилики за поубедлив триумф.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, тренерот Јетон Беќири за вечерашниот натпревар нема да може да смета на дефанзивецот Камер Ќака, кој доби директен црвен картон на арената „Тодор Проески“ и мора да паузира.

Проблеми не недостигаат и кај домашниот состав, во редовите на ФЦСБ владее нервоза поради неочекуваниот пораз во Скопје, а за тоа сведочат и остри коментари на газдата Џиџи Бекали, кој не се воздржа од критики кон своите фудбалери веднаш по завршувањето на првиот меч.

Натпреварот во Букурешт започнува вечерва од 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез во емисија го откри името на неговиот нов клуб!? (Видео)

Се повеќе се шпекулира дека Ензо Фернандез летово ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во д…